Samsung по грешка потврди: Пристигнува Galaxy S10 Lite

Точка

22/11/2019

15:55

1.194

Големина на фонт

а а а

Во документацијата на новиот модел на паметен телефон предаден до американската регулаторна агенција, од Samsung испратиле и интересен скриншот.

Досега слушнавме бројни гласини во врска со новиот модел Galaxy S10 Lite на јужнокорејската компанија, а сега пристигна и официјална таква потврда дека на пазарот ќе пристигне таков телефон.

Имено, од Samsung им предале на американската регулаторна агенција Federal Communications Commission официјална документација за моделот со сериска ознака SM-G770F.


Токму таа ознака беше поврзувана со моделот Galaxy S10 Lite во досегашните гласини. Сепак, вистинската потврда пристигнува и од скриншотот кој од Samsung го испратиле до американската регулаторна агенција каде што во делот About Phone јасно се гледа називот на моделот - Galaxy S10 Lite.

Според досегашните гласини, новиот паметен телефон на Samsung ќе биде опремен со процесор Snapdragon 855, три камери на задната страна, екран со дијагонала од 6,7 инчи и батерија со капацитет од 4,500 mAh.



Спонзорирани линкови

Маркетинг