Подзаборавениот напаѓач на Реал го истрола несудениот голф играч Бејл на последниот тренинг

Дерби

22/11/2019

14:58

2.378

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл крена голема фама со прославата која ја имаше за пласманот на Велс на Европското фудбалско првенство, од едноставна причина што славеше со банер на кој јасно е потценет клубот за кој тој игра веќе со години.

„Велс, голф, Реал Мадрид“ беше натписот на банерот кој стана крајно популарен во изминативе три дена, со кој всушност се алудира на тоа кои се први два приоритети на крилниот напаѓач. Фактот што Реал е на третото место и што Бејл со насмевка се радуваше со овој банер ги разбесни фановите на „кралскиот клуб“, а очигледно оваа тема е актуелна и во соблекувалната на тимот, бидејќи ова утро подзаборавениот напаѓач Маријано го истрола несудениот голф играч Бејл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг