„National Geographic“ ги избра најубавите дестинации за 2020-та година, а една се наоѓа во нашиот регион

Точка

22/11/2019

15:43

6.435

Големина на фонт

а а а

Познатото списание “National Geographic“ ја објави годишната листа на неверојатни дестинации кои туристите мора да ги посетат.

Во ера на “прекумерен туризам“ во кој најпознатите светски локации се борат против преголемиот број туристи, списанието нуди и многу убави скриени скапоцености.

На списокот има и егзотични дестинации, светски метрополи кои не се првата асоцијација на туризам, но и еден наш град од соседството.

1. Телч, Чешка

Со прекрасната италијанска ренесансна архитектура, не е ни чудно што Телч често се нарекува чешката Фиренца. Сместен е помеѓу Прага и Виена, овој бајковит град е основан во 14-ти век.


2. Велс, Велика Британија

Трите нови рути за обиколка на регионот наречени „Патот на Велс“ покажуваат најдобро дека оваа земја е богата со митови и легенди.


3. Тохоку, Јапонија

На помалку од три часа возење од Токио, домаќинот на Олимписките игри за 2020-та година, се наоѓа регионот Тохока кој заслужува златен медал во бласта на неоткриени скапоцености. Регионот изобилува со недопрени шуми, клисури, езера и храмови кои се стари илјадници години.


4. Филаделфија, САД

Филаделфија полека, но сигурно од индустриски град преминува во град кој е призвлечен за туристите.


5. Пуебла, Мексико

Основан во 1531-та година, четвртиот најголем град во Мексико е бастион на барокната акрхитектура. Историскиот центар на градот го красат градби од 17-ти и 18-ти век, украсени со шарени плочки кои го мешаат автохтоното и европското колонијално влијание.


6. Магдаленски острови, Канада

Овие “замрзнати“ предели со сино впечатливо небо, ведро сонце кое се одбива од снежната покривка се прекрасни за посета.


7. Мостар, Б и Х

Од ова списание велат дека никако не смеете да го промашите популарниот Стар мост во Мостар. Делумно уништен во текот на војната, оваа знаменитост богата со историја има многу работи кои ги доживеала во минатото.


8. Абу Симбел, Египет

Туризмот во Египет полека се враќа од наглиот пад по 2011-та година. Меѓутоа и во земјите кои се преплавени со туристи можете да пронајдете неоткриени делови, а тоа е Абу Симбел, далеку на југ.


9. Гижу, Кина

Југозападна Гижу е историски еден од најизолираните и неоткриени кинески провинции. Во минатото сè повеќе технолошки компании таму граделе објекти, која привлекува со ладната клима и обилните планини.


10. Националната сина патека, Унгарија

Без оглед на малкуте високи планини, Унгарија е планинско место од соништата. Патот за пешачење е обелжеан со бело-сини стази и се наоѓа блиску до границата со Австрија. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг