Мицкоски на средби со раководните луѓе на ЦДУ и автомобилските германски гиганти

Макфакс

22/11/2019

13:32

686

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја предводи партиската делегација којашто е во Лајпциг на Конгресот на сестринската партија Германската Демократска Унија (ЦДУ).

„На денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата.

На тие состаноци, наша цел е на опозиција која што си ја сака државата, како опозиција која што покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски“, рече Мицкоски и додаде: „По 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава.На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг