Тајната на кадарот 313: Повеќе од една деценија бил забранет моментот во кој јасно се гледа убиството на Кенеди

Точка

22/11/2019

12:42

6.028

Големина на фонт

а а а

Човекот кој стои зад единствената снимка на атентатот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди на 22-ри ноември 1963 година бил кројачот Абрахам Запрудер.

Тој сончев ден во Далас настанале точно 486 кадри од филмот, а цели 26 секунди трае едно од најпознатите злосторства во светската историја.  

Меѓутоа, помалку познат факт е дека Запрудер лично побарал да не се објави еден кадар од целиот филм. Имено, кадарот со број 313 му создавал ноќни мори бидејќи јасно се гледа моментот кога куршумот поминува низ главата на Кенеди. Било потребно повеќе од една деценија по убиството во Далас за американската и светската јавност конечно да го види тој клучен кадар.

Како што пишува “Smithsonian”, Запрудер ги продал авторските права на филмот на магазинот “Life” за 150.000 долари, но јасно рекол дека не сака да се објави клучната сцена. Магазинот се сложил, но секако, некој го објавил целиот филм заедно со кадарот 313.

Станува збор за Хералдо Ривера, славен телевизиски водител. Кога во 1975 година за првпат го прикажал целиот филм, американската јавноста видела нешто за кое само читала и тогаш се родиле и првите теории на заговор.

Наредната, 1976 година, посебна комисија започнала со нова истрага за убиството, со одлука тие да бидат потемелни. По завршувањето на истрагата три години подоцна, заклучиле дека ЦИА и ФБИ криеле некои клучни документи кои не ги испорачале во претходните истраги.


Далеку најконтроверзниот заклучок дошол со слушањето на снимката од полициското радио на која наводно се забележува и четврто пукање од ридот пред поворката на Кенеди.

Тоа би значело дека постоел и друг убиец и дека Ли Харви Освалд бил само дел од една поголема завера. Сепак, Американската академија за науките заклучила дека снимката не е соодветен доказ, а со тоа истрагата дошла на почеток.

Има многу теории на заговор, а повеќето се актуелни и денес. На пример, некои истакнуваат дека еден од телохранителите на Кенеди случајно го убил претседателот. Кога Освалд почнал да пука, агентот на тајната служба Џорџ Хикеј, зел автоматска пушка за да возврати, а кога автомобилот одненадеж застанал, тој по грешка го застрелал Кенеди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг