Не поминаа два дена, а веќе се поврзува со шокантен трансфер: Жозе го „краде“ Ибра?

Дерби

22/11/2019

12:22

1.544

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Англија постојано пренесуваат трансфер шпекулации поврзани со тимот на Тотенхем.

Назначувањето на Жозе Мурињо си го стори своето, па овие два дена се изначитавме вести за фудбалери кои би требало да пристигнат на „Вајт Харт Лејн“ оваа зима.

„Дејли Телеграф“ сега пренесува дека Жозе Мурињо размислува да го стопира трансферот на Ибрахимовиќ во Милан кој е пред реализација, и да го наговори шведскиот голгетер да се пресели во Тотенхем.

Мурињо го донесе Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед во 2016 година, а во првата сезона напаѓачот постигна 28 погодоци во дресот на „ѓаволите“.

Ибра е слободен агент и во јануари би можел да пристигне во било кој клуб без никакво обесштетување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг