Познато што им кажал Мурињо на играчите на Тотенхем на првата заедничка средба: Јас ќе ви бидам…

Дерби

22/11/2019

11:57

1.593

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо во средата и официјално седна на клупата на Тотенхем наследувајќи го Маурисио Покетино кој пет и пол години ги предовдеше „петлите“.

56-годишниот Мурињо потпиша договор до 2023 година и со сигурност ќе има тешка задача да го врати Тотенхем на врвот на табелата по кошмарниот старт на сезоната.

Многумина се прашуваат како ќе го стори тоа, а португалскиот „Рекорд“ веќе ги објави и првите зборови кои им ги кажал Мурињо на играчите со цел да ги мотивира во пресрет на продолжението на сезоната.

– Од сега јас можам да ви бидам татко, пријател, девојка, што и да сакате. Може да сметате на мене, - им кажал Мурињо на играчите на првата тренинг сесија во Лондон.

Тотенхем се наоѓа на 11 бода негатива од четвртата позиција која и оваа година ќе е цел на клубот од Лондон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг