Вучиќ разочаран: Ги прашувам руските пријатели - Зошто?

Точка

22/11/2019

19:22

5.788

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера соопштил дека рускиот разузнавач Георги Клебан повеќе не е на територијата на Србија.

Тој порачал дека е сигурен дека претседателот Владимир Путин не бил известен за ова делување, и дека Србија има пријателски односи со Руската Федерација. 

Тој повторил дека Србија не заборава што направил Путин за Србија во меѓународните организации, ниту за поддршката во опремувањето на војската.

Потсетил и дека Србија единствена не и вовела санкции на Русија, не гласала против интересите на Руската Федерација, дека единствена одржува воени вежби со руската војска и дека на ниеден начин не го загрозила пријателството со оваа држава.

"Затоа, ги прашувам руските пријатели, а ги прашав и денес амбасадорот, Боцан Харченко: Зошто? Не видов никаква логика во сето ова", рекол Вучиќ.

Тој вечерва ја повторил цврстата определеност на Србија за воена неутралност и порачал: "Србија нема да влегува во НАТО".




Спонзорирани линкови

Маркетинг