Мистеријата на Бермудскиот триаголник решена во Јапонија: Долго се верувало дека се работи за легенда, а потоа е пронајден доказ

Точка

22/11/2019

21:52

29.602

Големина на фонт

а а а

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северниот Атлантски океан, каде исчезнале низа летала и бродови. Во близина на овој таканаречен триаголник е една од најбараните бродски рути на светот, која пловилата често ја користат за пристаништата во Америка, Европа и Карибите.

Исчезнувањата им се припишувани на гусари, паранормални појави па дури и на џиновски октоподи - легенди кои морнарите ја пренесувале стотици години. 

Меѓутоа, можеби тоа не било премногу погрешно. Во 2005-та година морските биолози Цунеми Кубодера и Киоичи Мореи снимиле џиновски лигњи во тие води, кои агресивно ги напаѓале мамките.

"Во октомври 2005-та година, јапонските научници открила шокантно откритие на брегот на Токио, во близина на островот Бонини. Џиновска лигња долга околу 9 метри. Научниците од Јапонскиот национален музеј за наука го идентификувале тоа суштество како Архотетеус - редок вид кој го напаѓа мамката со екстремна сила и насилство".

Бермудскиот истражувач Роб Симон смета дека откритието докажува дека нешто слично може да се случува во бермудските води. Тој во 2007-ма година рекол: "Легендата за џиновските лигњи не е легенда - тие постојат - некои од нив се долги повеќе од 150 метри, ако можете тоа да го замислите. Не знаме што се наоѓа во длабочините на океанот, ова џиновско суштество би можело да биде посебно за овој дел на океанот. Можеби неговиот извор на храна е таму, не знаеме, но тоа би можело да го објасни мистериозното исчезнување на некои бродови".

Др. Џеф Марлиаве, експерт за октоподи од Аквариумот во Ванкувер, објаснил зошто октопод не би можел да живее во таа вода. Меѓутоа, тој не ја исклучил можноста за џиновски лигњи, додавајќи: "Џиновски октоподи се јавуваат само во североистичниот Тихи океан, видот на октопод кој би можел да се јави кај Бермудскиот триаголник би бил многу мал вид и би се наоѓал во близина на брегот".

Сепак, секако не во централниот дел на Бермудскиот триаголник, кој во основа има песочно дно. "Сега кога луѓето зборуваат за џиновски октоподи кои напаѓаат чамци, тоа веројатно потекнува од тие многу стари приказни од времето на истражувањата со едреници, кога со гравури биле прикажани некакви животни кои напаѓаат мали чамци", наведува тој.

"Најверојатно ова не е октопод, единствен вид кој би можел да нападне мал чамец е џиновска лигња", се заклучува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг