Пејачката не се смирува! Го остави сопругот поради љубовничка, потоа раскина со неа заради момче, а сега ѝ него го “шутна“

Точка

21/11/2019

21:12

4.618

Големина на фонт

а а а

Пејачката Мајли Сајрус раскина со австралискиот пејач Коди Симпсон (22), после само еден месец врска.

Јавноста за новата врска дозна откако биле забележани заедно на ручек само две недели откако пејачката раскина со Кејтлин, блогерката со која беше во врска после разводот со Лиам Хемсворт.


Меѓутоа, изгледа дека пукнала и новата љубов, а наводно причината е тоа што пејачката го искористила Коди за да го преболи крајот на бракот со поранешниот сопруг.


„На Мајли ѝ здодеа. Сфати дека не може да влегува од врска во врска. Останаа во добри односи, но повеќе не се заедно, таа сега сака да се фокусира на себе“, рекол извор близок на пејачката.

Парот не се огласил јавно за раскинувањето, но многумина забележаа дека Мајли престана да објавува фотографии со пејачот од 3-ти ноември оваа година, а дотогаш тоа беше секојдневно.


Да потсетиме, Мајли се разведе од сопругот Лиам во август годинава, после што почна да се забавува со манекенката и инфлуенсерка Кејтлин Картер.

Меѓутоа, врската траеше само 2 месеци, а после раскинувањето со Кејтлин, Мајли се “сплетка“ со Коди Симпсон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг