Постигнат договор со кофинансираните специјализанти

Макфакс

21/11/2019

20:11

1.374

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера и денеска оствари средби со приватните специјализанти доктори на медицина од конкурсот во 2019 година и со кофинансираните специјализанти.

На средбата министерот Филипче ги информира приватните специјализанти доктори на медицина дека ќе бидат платени за работата од февруари 2020 година, со што ги изедначуваме со статусот на нивните колеги кои првпат добија надоместок за својата работа во 2018 година. Постигнат е договор и со кофинансираните специјализанти. Министерот Филипче изјави дека се пристапува кон измена во Законот за здравствената заштита во согласност со нивните барања. Со ова се подобруваат нивниот статус и мотивацијата за натамошната работа, соопшти Министерството за здравство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг