Што сè може да направите со талогот од кафето?

Точка

21/11/2019

18:46

2.485

Големина на фонт

а а а

Ставете го во фрижидер талогот од кафе во отворен сад - ќе ги собере непријатните мириси и ќе делува како „природен дезодоранс“.

Грубите честички и киселата содржина на кафе делуваат како совршен пилинг за вашата кожа, кои ќе помогнат во отстранување на нечистотиите и мртвите клетки на кожата.

Измешајте го талогот од кафето со малку вода и кокосово масло и ќе добиете одличен пилинг за тело.


Кафето содржи кофеин, кој е многу токсичен за голем број инсекти. Истурете го талогот од кафето околу растенијата во вашиот дом, за да побегнат комарците, мушичките и сите други инсекти.

Кафето исто така помага во намалување на целулитот со разградување на масните наслаги и зголемување на протокот на крв во зафатеното подрачје.


Нанесете го талогот од кафето со помош на стапчиња за уши или вата на гребнатините на дрвениот мебел и оставете го пет до десет минути, а потоа избришете го со памучна крпа. Гребнатините ќе бидат помалку видливи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг