Овие намирници ќе ви помогнат да го исфрлите никотинот од вашиот организам

Точка

21/11/2019

19:11

3.204

Големина на фонт

а а а

Важно е никотинот да го исфрлите од вашиот организам по пат на исхрана. Некои намирници во тоа се помоќни од другите.

Зелен чај

Преку пушењето телото ја губи потребната вода, па организмот многу полесно доаѓа до состојба на дехидрација. Пиењето на зелен чај кој што е преполн со антиоксиданси го чисти телото од никотинот.


Спанаќ

Фолната киселина со која овој зеленчук изобилува, важна е за нормалната работа на организмот, а му помага на телото да се ослободи од никотинот.

Брокула, карфиол и зелка

Овој вид зеленчук содржи голем број на антиоксиданси кои исто така го чистат телото од токсини.


Цитруси

Сокот од портокал, лимон или грејпфрут го чисти организмот од никотин, но воедно и го храни со потребните хранливи материи и го надополнува нивото на витамини кои му недостасуваат на самото тело.

Морков

Тој содржи голема количина на витамин А, К, Ц и Б кои се главни прочистувачи на телото и на кожата ѝ го враќаат својот сјај кој никотинот ѝ го уништил. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг