Де Лихт му одговори на Клајверт: Кога некој како него ќе каже такво нешто….

Дерби

21/11/2019

17:11

2.716

Големина на фонт

а а а

Патрик Клајверт донесе неочекуван заклучок за Матијс Де Лихт и буквално го прозва својот млад сонародник во интервјуто кое го направи за угледните каталонски медиуми пред два дена, нагласувајќи дека суперталентираниот стопер направил погрешен избор за кој веќе жали.

Добро се сеќаваме дека Де Лихт имаше безброј понуди од голем број клубови ширум Европа, но на крајот трката се сведе на два клуба, од кои тој одлучи да го избере Јувентус пред Барселона. Иако се чинеше дека Де Лихт е поблиску до „Камп Ноу“ поради фактот што Френки Де Јонг потпиша за Барса, Матијс одлучи да оди по свој пат, потпишувајќи богат договор со италијанскиот првак.

Де Лихт има доста турбулентен почетен период во Италија и веќе во неколку наврати беше мета на медиумите поради грешките кои ги направи, но сепак, како што вели самиот тој, тоа не придонело да се покае за изборот кој го направи.

– Не жалам за фактот што го избрав Јувентус. Се кажуваат и се пишуваат многу работи. Кога личност како Клајверт ќе го каже тоа, обично изгледа вистинито, но тоа всушност е само негова претпоставка, ништо повеќе, – порачува Де Лихт за „Voetbal Primeur“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг