Зошто мажите по сексуалниот однос веднаш заспиваат?: Постои научно објаснување и за тоа

Точка

21/11/2019

18:38

3.701

Големина на фонт

а а а

Ова е вечно најфрустрирачкото прашање кое ги мачи жените, зошто мажите по секуалниот однос веднаш заспиваат, а тие уште сакаат да се галат, бакнуваат и да си шепкаат нежни работи на уво, но сето ова има научно објаснување.

Истражувањето покажало дека машкиот мозок - попрецизно церебралниот кортекс (кој служи за размислување), по сексуалниот однос се исклучува. Духовитиот опис би гласел: Мажите по сексот не се способни повеќе за ништо да размислуваат.

Значи, по неговото исклучување се активира другиот дел од мозокот кој на останатите делови им “наредува“ да се деактивираат. Во целата приказна вклучени се и окситоцинот и серотонинот со што испуштањето на сонот многу побрзо се индуцира.


Невро-научникот Серге Столер, од центарот за медицинските истражувања од Институтот “National de la Santé et de la Recherche Médical“ ја дал јасната дефиниција:

„Експериментите покажаа што се случува со мозокот во текот на оргазмот. Мажите потоа вообичаено имаат период на “рилоуд“ во кој, додека трае едноставно не можат повторно да се возбудат. Кај жените тоа е поразлично, тие го немаат тој период и често им замеруваат на своите партнери бидејќи заспиваат веднаш по сексуалниот однос во спалната соба. Но, тоа кај мажите е нормален постсексуален резултат“.


Освен тоа, новите истражувања би можеле многу да го променат ставот на жените кон нивните партнери. Тврдењето е следно:

„Би можеле да кажеме дека колку побрзо нашиот партнер заспива по сексуалниот однос толку повеќе е опуштен и сака подлабок однос“ - вели д-р Даниел Кругер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг