Кристијан Бејл: Престанувам да слабеам и да се дебелеам за улогите!

Супермен

21/11/2019

17:08

2.627

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер, Кристијан Бејл, во филмскиот свет освен со талентот се истакнува и со бројните, понекогаш опасни трансформации.

Сепак тоа сега е позади него. Одлучил дека ќе престане непрестајно да се дебелее и да слабее поради улогите.

„Постојано повторувам дека завршив со тоа, но сега мислам дека е дефинитивно“, рекол Кристијан.

За нивниот филм „Ford vs. Ferrari“ изгубил 35 килограми за улогата возач. Неговиот колега Мат Дајмонд е воодушевен од неговите трансформации.

„Се забавував додека го гледав. Има дисциплина на монах бидејќи се трансформираше од Дик Чејни во овој лик. Мораше да изгуби 35 килограми“, рекол Мат.

Иако на шега постојано кажува дека дебелеењето за улогата на Чејни било едноставно, сепак рекол дека тоа било тежок процес.

„Очајно е. Грозно е. Ако губите килограми, не треба да правите ништо друго свен да одите во кревет гладни и да се чувствувате очајно. Дебелеењето е друга крајност. Сосема губите дисциплина и јадете како луд. Морам да престанам, бидејќи тоа не е здраво за моето тело. Во 40-ти години сум и ќе биде опасно ако не станам свесен за сопствената смрт“, рекол Бејл.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk