На новинар му експлодирала граната во лице: Француската полиција со воено оружје на Жолтите елеци

Точка

21/11/2019

21:37

3.448

Големина на фонт

а а а

Францускиот новинар во разговор со RT се потсетил на моментот кога го погодила солзавец бомба во текот на протестите на Жолтите елеци во Париз. Рекол дека не постои оправдување за полицијата која користи борбени средства.

Минатиот викенд била одбележана една година од почетокот на протестите на Жолтите елеци во Франција. Меѓу бројните новинари кои ги следеле случувањата на улиците во Париз бил и Жилијен. 

На почетокот се течело мирно, но работите брзо излегле од контрола кога меѓу демонстрантите упаднала група на луѓе во црна облека.

"Тоа беше вистински неред. Некои сцени личеа на урбана герилска војна", се потсетил подоцна Жилијен.

Демонстрантите ги блокирале патиштата, правеле барикади и фрлале цигли и Молотови коктели на полицијата.

Жилијен останал во групата, снимајќи се околу себе со камера, а во еден момент забележал дека полицијата дошла во состојба на паника.

"Одговорија со солзавец бомби, пукаа во луѓето неселективно", додал тој.

Тоа што понатаму се случило изгледало како на забавена сцена од воен филм, пренесува "RT". Една граната паднала во близина на Жилијен, друга на три до пет метри од него, испуштајќи густ бел чад во воздухот.

"Тогаш ме удри гранатата во лице. Експлодираше точно пред мојата гас-маска и го проби заштитниот визир од плексиглас. Почувствував силен удар во носот. После тоа слушнав како гранатата експлодира", раскажал тој.

Шокот, болката и горењето биле неподносливи. Новинарот инстинктивно ја тргнал својата камера и се обидел да побегне. Но, не минал повеќе од пет метри, кога беспомошно паднал на улицата.

Носот и горната усна на Жилијен биле уништени од експлозивната граната солзавец GLI-F4 од француско потекло. Рекол дека демонстрантите го одвеле на безбедно, кога дошла итната помош.

"Благодарен сум им за тоа", рекол Жилијен. Констатирано било дека му е скршен носот, па бил одведен во болница заедно со други демонстранти.

"Да немав маска преку лицето, немаше да се извлечам волку лесно", рекол тој. Лекарот му рекол дека повредите на лицето ќе му поминат за една недела.

Меѓутоа, не минале сите како Жилијен. Во болница бил примен уште еден демонстрант кој имал проблеми со окото поради поради слична повреда како таа на Жилијен.

"Не знам како е тој сега, но шансите беа 9 или 10 проценти да го изгуби окото", рекол тој.

Жилијен рекол дека ќе поднесе пријава против полицијата поради однесувањето, но не верува дека правдата ќе биде задоволена.

Меѓутоа, рекол дека продолжи да се бори се додека гранатата GLI-F4 не биде отстранета од полицискиот арсенал.

"Тие можат сериозно да ги повредат демонстрантите и не сум сигурен дека нивната употреба е оправдана, бидејќи се всушност борбено средство", заклучил новинарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг