Запознајте го RS Q8: Најмоќниот џип на Audi блесна во Лос Анџелес

Точка

21/11/2019

17:01

3.973

Големина на фонт

а а а

Audi на саемот на автомобили во Калифорнија го претстави високоперформансниот RS Q8 со 600 коњски сили.

RS Q8 ја заокружи понудата на најлуксузниот џип на Audi, после претставувањето на „регуларниот“ Q8 и спортскиот SQ8.

Моќниот џип е врвот на понудата на Q8 семејството, а под хаубата има 4.0-литарски twin-turbo V8 мотор со дури 600 коњски сили (441 kW) и максимален обртен момент од 800 Nm. Овој агрегат го претвора RS Q8 во тркачки автомобил - забрзува од 0 до 100 километри на час за само 3,8 секунди, а до 200 км/ч развива за 13,7 секунди.


Максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час, но со доплата може да се избере Dynamic пакетот кој овозможува лимитот да се подигне на дури 305 километри на час максимална брзина.

RS Q8 исто така е опремен со „благ“ хибриден систем, базиран на 48 волтен електричен систем. Инаку, силата се пренесува на сите четири тркала со помош на 8-степенскиот автоматски Tiptronic менувач и познатиот quattro систем на Audi.


Возачот може да избере еден од 8 режими на возење со ознаки: Comfort, Auto, Dynamic, Efficiency, Allroad, Offroad, RS1 и RS2, од кои последните два служат за индивидуално програмирање според желбите и навиките на тој што ќе биде зад воланот.

Audi RS Q8 во продажните салони ќе пристигне во првото тримесечие од 2020-та година, а цената на пазарот во Германија ќе стартува од 127 илјади евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг