Женска доминација: Лизо ги надмина Бијонсе и Тејлор Свифт по бројот на номинации

Точка

21/11/2019

16:34

2.329

Големина на фонт

а а а

Пејачката и раперка Лизо, со осум номинации за музичките награди Греми, води по бројот на номинации кои беа објавени во средата.

Таа е номинирана за албум на годината со песната “Cuz I Love You”, за песна и плоча на годината е номиниран нејзиниот хит “Truth Hurts”, а номинирана е и за најдобар нов уметник. 

Исто така, и други нови уметници доминираат на номинациите за Греми награди – Били Ајлиш и Лил Нас Екс добиле по шест номинации. 17-годишната пејачка и текстописец Ајлиш е номинирана во водечките четири категории, со што е најмладата личност во историјата на Греми која го постигнала тоа.

20-годишниот Лил Нас Екс е номиниран за три од четирите главни категории, вклучувајќи ја и номинацијата за албум и плоча на годината за “Old Town Road” со Били Реј Сајрус.

За албум на годината се натпреваруваат “Cuz I Love You” од Лизо, “When We All Fall Asleep” од Елиш, “7” од Лил Нас Екс заедно со албумите на Аријана Гранде, Бон Ајвер и други.

Тејлор Свифт доби три номинации, меѓу кои и за песна на годината со “Lover”, а Бијонсе која е исклучена од водечките три категории, има 4 номинации.

Пејачките ги надминале пејачите по бројот на објавени номинации – 5 од 8 номинации за албум на годината припаѓаат на жени, а 7 од 8 се номинирани за песна на годината. Музичарките исто така предводат во категоријата за најдобар млад уметник, а номинациите за плоча на годината се подеднакво распоредени помеѓу двата пола.

Греми наградите за 2020 година ќе се одржат во Стејплс центарот во Лос Анџелес на 26-ти јануари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг