Раиола повикан на преговори, Милан му нуди интересен договор на Ибрахимовиќ

Дерби

21/11/2019

15:56

1.549

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ во свој стил ги „поздрави“ Американците во својата проштална порака по завршувањето на договорот со Лос Анџелес Галакси, па така во денови кога неговото име се очекува да биде една од главните теми во зимскиот преоден рок, од фудбалска Италија ни пристигнуваат разноразни информации, од кои оние последните во изминатите неколку часа сериозно добија внимание.

Голем број угледни медиуми, меѓу кои и телевизиската куќа „Скај“, потенцираат дека Мино Раиола пристигнал на првични преговори во Миланело, а целта на „росонерите“ е со привлечен предлог и интересен договор да ги осигураат услугите на искусниот напаѓач кој призна дека сака да се врати во Италија. По се изгледа, првиот чекор го презема клубот од „Сан Сиро“, кој верува дека Ибра со своето искуство и со својот борбен и победнички дух ќе донесе голем квалитет во тимот, нешто што сигурно недостасува во Милан во овој момент.

Како што инфомираат медиумите, Раиола на првичните преговори ја добил и првата официјална понуда од Милан, која му гарантира останување на Ибра на „Сан Сиро“ 18 месеци. Првично, планот е Златан да ја доигра оваа сезона за 2 милиони евра, а за наредната да добие уште четири милиони евра од „росонерите“, нешто што во прв момент изгледа како доста примамлива понуда за Ибра.

Покрај ова, планот на Милан е да не чека до јануари, па му нуди на Златан да започне да тренира со првиот тим уште во декември, со цел да биде што подобро подготвен и аклиматизиран за вториот дел од сезоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг