Разочараниот Морено го прекина молкот: Прашајте го Луис Енрике зошто се случи ова…

Дерби

21/11/2019

15:54

1.166

Големина на фонт

а а а

Шпанската фудаблска федерација предизвика голем потрес на Пиринеите во изминативе два дена, откако веднаш по последниот натпревар со Романија во квалификациите за Европското првенсто, стана јасно дека Роберт Морено нема да го води тимот на главниот турнир.

Човекот кој го наследи Луис Енрике по ужасната трагедија во семејството на Лучо на крајот излезе жртва во целата оваа конфузна ситуација, бидејќи против своја волја, беше комплетно отстранет од националниот состав, иако првиот човек на Федерацијата истакна дека му било најавено вакво сценарио. Шпанските медиуми во изминативе 48 часа постојано пишуваа за враќањето на Луис Енрике на клупата на „фуријата“, но и за нарушениот однос меѓу него и неговиот поранешен помошник кој поради смртта на малата Хана стана селектор на Шпанија.

Дека сепак станува збор за комплексна ситуација денеска потврди и самиот Морено, кој кончено даде изјава пред шпанските новинари, на кои им порача да го прашаат Луис Енрике зошто не сакал да му биде ниту негов помошник на Европското првенство.

– Не знам што се случи од еднаш, прашајте го Луис Енрике зошто се случи ова. Ако продолжам да зборувам, нема да биде добро за мене, но и за другите. Најдобро за сите е да остане оваа работа меѓу нас. Ако другите страни сакаат да зборуваат, нека зборуваат. Немам што да додадам, тоа нема да биде добро за никој, – изјави Морено кој го откажа пресот по крајот на мечот со Романија, а како што потврдија медиумите, се појавил со солзи во очите во соблекувалната во која се простил од своите играчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг