Додик: Република Српска нема намера да влезе во НАТО

Макфакс

21/11/2019

15:48

936

Големина на фонт

а а а

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска не сака да му се придружи на НАТО и повтори дека нејзината политика останува политика на неутралност, пренесува ТАСС.

По одлуката на Претседателството на БиХ да ја усвои Програмата реформи за НАТО, Додик во интервју посочи дека РС е под голем притисок по прашањето за членство во НАТО зашто Западот, како што вели тој, сака сите држави да бидат членки на алијансата.

„Нивната цел е јасна. Тие го обликуваат тоа така што им велат на државите дека би требало да тежнеат кон тоа да станат членки на НАТО, а ако не, тогаш тоа е проблем. РС нема намера да ја менува својата стратешка определба, а тоа е воена неутралност“, рече Додик.

Според него, РС не гледа предност во НАТО како другите земји бидејќи поминала низ бомбардирањата на алијансата.

Додик додаде и дека Русија останува последен меѓународен играч на Балканот кој се придржува и го брани меѓународното право во регионот.

„Се смета дека Русија ја фаворизира Србија. Но Русија им предлага проекти и на Хрватите и на Бошњаците, а тие ги одбиваат зашто не се осмелуваат на таква соработка поради ставот на Западот. Русија е единствениот чувар на меѓународното право на Балканот, а тоа е важно за нас зашто значи дека клучните играчи на Западот не контролираат сè. Видовме како одлуката за бомбардирање на Србија и РС беше донесена без резолуција во Советот за безбедност на ОН. Тоа е многу опасно“, вели Додик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг