Овој феноменален филм луѓето никогаш повеќе не сакаат да го погледнат: „Премногу е измачувачки“

Точка

21/11/2019

15:47

2.834

Големина на фонт

а а а

Филмот “Requiem For a Dream“ е победник во расправите меѓу луѓето кога станува збор за филм кој никогаш повторно не би го погледнале.

Расправата почнала откако комичарката Роус Матафео напишала: „Кој е најдобриот филм кој повеќе никогаш не сакате да го погледнете? Или пак нешто друго?“

Психичката драма на режисерот Дарен Аронофски од 2000-та година го прикажува пеколот од зависност од дрога, а токму тој мрачен приказ низ кој што поминуваат зависниците бил причина зошто тој филм е најчестиот одговор на тоа прашање.

„Еднаш го изгледав “Requiem For a Dream“ и тоа ми беше доволно“ - напишал некој корисник на Твитер.

„Никогаш повеќе и тоа баш го мислам - НИКОГАШ“ - додал друг корисник.

„Тоа е неверојатно моќен филм за опасноста која се заканува од дрогите и до кај може сето тоа да го однесе човекот. Меѓутоа, мислам дека нема да можам да го погледнам никогаш повеќе. Толку многу е измачувачки и така ги прикажува сите ситуации. Одличн филм, но не можам“ - напишал трет корисник.

Приказната на филмот се одвива во Њујорк, а основана е на книгата со исто име од Хуберт Селби. Во филмот, има четири актери кои глумат дека се борат со зависноста.

Други такви слични филмови кои кориснците на Твитер ги наброиле се: “Room“ од 2015-та година, "Revolutionary Road", "The Road" od 2009-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг