Ова се десетте најдобри и најлоши градови за возење на автомобил

Точка

21/11/2019

15:08

3.601

Големина на фонт

а а а

Познатиот европски продавач на делови за автомобили “Mister Auto”, поради сè почестите полемики околу тоа каде најдобро се вози, издвоил неколку градови кои се најдобри за возење на автомобил.

Во фокусот биле ставени три главни категории – инфраструктурата, безбедноста и трошоците, за стотина градови ширум светот, а потоа изборот бил стеснет на финални 100 градови. 

Секоја категорија испитува низа помали фактори како што се бројот на автомобили по глава на жител, сообраќајниот метеж, квалитетот на патниот и јавен превоз, квалитетот на воздухот, агресивноста на возачите, цената на горивата, годишниот данок на патиштата и други.


Конечниот индекс комбинира вкупно 15 фактори. Резултатите покажуваат дека одлично се вози во Калгари, Дубаи, Отава и Берн.

Во продолжение, погледнете ги двете интересни табети за најдобри и најлоши градови за возење, а не е познато дали балканските градови биле предмет на оваа анализа.

Десет најдобри градови за возење:

1. Калгари, Канада

2. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

3. Отава, Канада

4. Берн, Швајцарија

5. Ел Пасо, САД

6. Ванкувер, Канада

7. Гетеборг, Швајцарија

8. Дизелдорф, Германија

9. Базел, Швајцарија

10. Дортмунд, Германија


Десет најлоши градови за возење:

1. Мумбај, Индија

2. Улан Батор, Монголија

3. Калкута, Индија

4. Лагос, Нигерија

5. Карачи, Пакистан

6. Богота, Колумбија

7. Сао Паоло, Бразил

8. Мексико Сити, Мексико

9. Рио де Жанеиро, Бразил

10. Москва, Русија



Спонзорирани линкови

Маркетинг