Свештеник осуден за злоставување на деца, а сега повторно работи со нив: Го пратиле во Африка, повторно силувал деца

Точка

21/11/2019

13:55

420

Големина на фонт

а а а

Католичкиот ред пратил свештеник педофил, за кој се знаело дека е осуден за злоставување на деца, во африкански земји да работи со семејства и деца, открила истагата на CNN.

Свештеникот Лук Делфт е обвинет дека за време на својата служба во Каритасу, водечко католичко добротворно здружение, во Централноафриканската Република сексуално злоставувал најмалку две деца. 

50-годишниот свештеник од Белгија припаѓа во редот Салезијанци или Дружба Свети Франко Салешки, римокатолички црковен ред на кој главна мисија му е воспитување на христијански адолесценти и млади. Делфт е сменет од оваа положба дури откако CNN ги открил овие работи за него.

Со години редот Салезијанци го прикривал сексуалното злоставување на деца на свештеникот Делфт, преместувајќи го од едно на друго место. И покрај обвиненијата и осудата за сексуално злоставување, му било дозволено и натаму да работи со деца.

Албан Алаин, кој сега има 17 години, и неговото семејство, за CNN изјавиле дека Делфт повеќе пати сексуално го злоставувал тинејџерот кога пред четири години го сретнал во камп за раселени жители во Кага-Бандоро.

Кога новинарката на ЦНН го прашала свештеникот Делфт дали има нешто каже за обвиненијата за сексуално злоставување, тој само одговорил дека нема.

"Но, вие сте свештеник, претставник на Бог. Децата ве обвинуваат дека сте ги злоставувале сексуално, а Вие немате да кажете ништо во своја одбрана", го прашала новинарката.

"Не, немам", одговорил Делфт.

Но, тоа не е прв пат Делфт да биде обвинет за злоставување на млади деца. Имено, и претходно бил обвинет за такви злосторства, а Салезијанците биле свесни за тоа кога го пратиле во Централноафриканската Република.

Делфт злоставувал најмалку две деца, едно од 12 години, друго од 13, додека во 2001-ва година работел како надгледувач во салезијанскиот интернат Дон Боско Синт Денис Вестрем, кој се наоѓа во белгискиот град Гент.

Делфт тогаш имал 31 година, а задача му била да внимава на децата. Наместо тоа, навечер влегувал во нивните спални соби и ги злоставувал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг