Апокалиптични сцени во Австралија: Небото е портокалово, температурите над 40 степени, а летото допрва доаѓа...

Точка

21/11/2019

13:08

2.176

Големина на фонт

а а а

Силните ветрови кои што дуваат на југоистокот на Австралија, во градот Мајлдура донесоа големи облаци со прашина, па така небото доби портокалова боја.

На локалните жители воопшто не им е лесно, затоа што ветровите се силни, а температурата изнесува над 40 степени Целзиусови. Покрај тоа, видливоста е исклучително ниска поради прашината, па во комбинација со портокаловото небо, сето тоа изгледа како сцена од апокалиптичните филмови.


Не пропуштајте: Сиднеј како Скопје: Градот се гуши во чад, а прогнозите не се добри...

„Ветрот е силен, а небото е портокалово. Ужасно е. Прашина има толку често, така што тоа стана сосема нормално за нас“, изјавил еден жител на градот за австралиските медиуми.

Иако локалните жители се навикнати вакви непријатни бури да го погодуваат градот најмногу два пати годишно, сега се соочуваат со тој проблем многу почесто, односно слични бури го погодуваат градот и по неколку пати во една седмица.

##https://twitter.com/Gameoverguys1/status/1197386159271243776##

Инаку, пожарникарите се борат со стотина шумски пожари ширум Австралија, а поради жешкото време и силните ветрови, пожарите се шират со огромна брзина. Голем чад од пожарите го обви и Сиднеј, а жителите се предупредуваат да не излегуваат од дома доколку немаат потреба од тоа.

Иако во Австралија за десетина дена започнува летото, екстремно високите температури и ветровите буквално го запалија континентот. За прв пат после 10 години властите издадоа црвен аларм, кој значи дека условите се најлоши, пожарот се распламнува и дека не е контролиран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг