Вчера на дуел во "Само Вистина" се нашле секогашниот и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и Коце Трајановски.
Покрај стандардните обвиненија кои си ги упатуваат еден на друг, Шилегов и Трајановски вчера допреа и дел од македонската историја, а јавноста посебно беше заинтригирана од коментарот на Шилегов, дека претходната владејачка гарнитура именувала една од улиците "Борис Сарафов", човекот кој го убил Ѓорче Петров.
„Перверзијата на вашето владеење, во лудилото, во општина Ѓорче Петров, општина наречена по еден од нашите најголеми револуционери, да ставите една улица која се вика „Борис Сарафов“, човекот што го убил Ѓорче Петров, вие му дадовте улица. Г-дине Трајановски, кои пораки ги пративте вие кон јавноста…“!
Шилегов вика дека Борис Сарафов го убил Ѓорче Петров 😂
— Cherry on top (@blossom_top) November 20, 2019
Fun fact: Ѓорче Петров починал во 1921, Борис Сарафов во 1907 pic.twitter.com/nphU4FzS16
Сепак, ова ќе минеше како уште едно класично меѓупартиско обвинение, ако не се знаеше дека Сарафов бил убиен во 1907-ма година, а Ѓорче Петров во 1921-ва година, што не се поклопува со изјавата на Шилегов.
Борис Сарафов бил член на Битолскиот револуционерен штаб и бил убиен во 1907-ма година од Тодор Паница, по наредна на Јане Сандански. Од друга страна, се смета дека Ѓорче Петров бил убиен по нарачка на Тодор Александров.