По трансфер гаранцијата за Кејн, Мурињо донел одлука и за Ериксен, Вертонген и Алдервилд

Дерби

21/11/2019

11:56

1.708

Големина на фонт

а а а

Неполн ден по неговото седнување на клупата на Тотенхем, медиумите во Англија на големо пишуваат за трансфер активностите на Жозе Мурињо.

Најпрво беше посочено дека Португалецот побарал трансфер гаранција од Даниел Леви дека нема да гопродава Хари Кејн, а сега медиумите на Островот пренесуваат и информација за иднината на Кристијан Ериксен, Јан Вертонген и Тоби Алдервилд.

Тројцата остануваат без договор по крајот на оваа сезона, и иако многумина мислеа дека доаѓањето на Мурињо ќе ги поправи работите околу нив, сепак нема да биде така. Имено, Мурињо дал согласност тројцата фудбалери да си заминат од клубот и не би имал ништо против тоа да се случи и во јануари.

Од друга страна, листата на посакувани играчи е подолга, па Тотенхем во летниот преоден рок ќе тргне по услугите на Бруно Фернандеш, Пауло Дибала и Рубен Дијас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг