Мурињо побарал трансфер гаранција за еден играч од газдата Леви пред да потпише за Тотенхем

Дерби

21/11/2019

11:00

1.248

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо експресно брзо ги започна и ги приведе до крај преговорите со Тотенхем, па само 10 часа по отказот кој го заработи Маурисио Покетино, португалскиот стручњак беше назначен за негов наследник од клубот од Северен Лондон.

Во средата наутро Тотенхем објави дека поранешниот менаџер на Челси и Јунајтед е нов лидер на првиот тим на Тотенхем, а вечерта Мурињо го одработи и првото интервју за официјалната телевизија на клубот, ветувајќи максимално залагање и голема страст во новиот предизвик. Откако го направи тоа, Жозе го одработи и првиот тренинг со своите нови соиграчи на кои ќе треба да им ги всади своите идеи, а иако е прерано да се даваат било какви прогнози, претпоставиките се дека прва цел на Португалецот ќе биде да го врати тимот во топ четири.

Мурињо во интервјуто нагласи дека е презадоволен од тоа со каков играчки ростер располага и дека нема забелешка за ниту еден од играчите кои ќе ги тренира, но сепак, угледните англиски таблоиди уверуваат дека Жозе побарал гаранција за еден играч пред да стави потпис на договорот кој му го понуди газдата Леви. Наводно, Жозе побарал трансфер гаранција дека Хари Кејн нема да биде продаден од Леви во блиска иднина, а тоа можеше да се заклучи и од фактот што Мурињо добар дел од тренингот мина во друштво на најдобриот англиски напаѓач, на кого очигледно гледа како клучна алка во тимот кој тој ќе се обиде да го врати на вистинскиот пат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг