Сиднеј како Скопје: Градот се гуши во чад, а прогнозите не се добри...

Точка

21/11/2019

10:06

1.876

Големина на фонт

а а а

Чадот од големите шумски пожари го обви Сиднеј, а австралиските власти поради високите температури и силните ветрови издадоа предупредување за избивање на големи дождови во источните и јужните региони од земјата.

По втор пат во три дена министерството за здравство ги советува училиштата да не ги пуштаат децата надвор, а метеоролозите велат дека мала е веројатноста дека чадот ќе се повлече во следните неколку дена додека пожарите беснеат во околината на Скопје.

Стотина шумски пожари беснеат веќе неколку седмици долж источниот брег на Австралија, а временските прилики, односно температурата која на некои места се искачи до 40 Целзиусови степени уште повеќе придонесе за разгорувањето на пожарите.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато за околу 6 илјади објекти во зоната на пожарите на полуостровот Јорк во Јужна Австралија со цел да се избегне избувнување на нови пожари поради искрите од електричните кабли.

Државата Викторија исто така се подготвува за катастрофални пожари поради најавените високи температури.


Досега шест лица го загубија животот, а уништени се над 600 домови од почетокот на избивањето на пожарите минатиот месец. Полицијата отвори постапка против 54 лица од август поради кршење на забраната за палење огнови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг