Луѓето по 40-тите години треба да работат само 3 дена во неделата – со тоа се попродуктивни и поефикасни

Супермен

21/11/2019

09:55

1.633

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои се постари од 40 години се најефикасни кога работат само 3 дена неделно, пренесува “Poslovni Dnevnik”.

Истражувачите заклучиле дека когнитивната ефикасност кај средовечните луѓе се подобрила кога тие работеле до 25 часа неделно. Од друга страна, нивните перформанси се намалиле кога за една недела одработиле повеќе од 25 часа, поради влијанието на заморот и стресот.  

Ова се резултатите на студијата објавена во “Institute Worker Paper” во Мелбурн, која вклучувала низа когнитивни тестови. Во неа биле вклучени 3000 мажи и 3500 жени од Австралија, чии работни навики биле анализирани.


За време на истражувањето била тестирана и нивната способност гласно да читаат зборови и бројки, а се мерела и нивната способност за помнење и способност за размислување.

Студијата заклучува дека учесниците кои работеле 25 часа неделно биле поуспешни на овие полиња, додека резултатите на оние кои работеле 55 часа биле полоши дури и од невработените учесници во истражувањето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk