Путин: Поради политичките борби во Вашингтон, никој не ја обвинува Русија за местење во изборите! Сега станува збор за Украина

Точка

20/11/2019

20:38

2.184

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјавил дека е задоволен што политичките борби во Вашингтон го ставија во втор план обвинението дека Москва се мешала во американските избори.

„Му благодарам на Бога, никој не нè обвинува за местење на американските избори, сега ја обвинија Украина“, рекол Путин на економскиот форум во Москва.

Некои републиканци се служат со јавните сослушувања во рамки на процесот на отповикување на американскиот претседател, Доналд Трамп во Конгресот за промовирање на теоријата на заговор која за мешање во претседателските избори во САД 2016-та година е обвинета Украина, а не Русија.


Процесот на отповикување на претседателот бил инициран од демократите во Претставничкиот дом, тврдејќи дека Трамп му вршел притисок на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, да го истражи неговиот противник, Џозеф Бајден, додека ја одложувал испораката на воена помош во Киев. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг