Мажите кои имаат ќерка живеат подолго, но мајките на девојче може да се загрижат

Кармин

20/11/2019

16:25

2.637

Големина на фонт

а а а

Иако влијанието на бременоста и породувањето на мајките веќе долго е една од темите кои ги истражуваат експертите, не се знае многу за тоа како раѓањето на детето влијае на новопечениот татко.

Со тоа прашање одлучил да се позанимава тим на истражувачи од Универзитетот Јагелонијан, а во своето истражување вклучиле вкупно 4310 лица, од кои 2147 биле мајки, а 2163 биле татковци.

Дошле до интересни сознанија. Имено, се покажало дека вкупниот број на деца, ниту пак бројот на синови, не влијае значајно на долговечноста на таткото. Сепак, истражувачите тврдат дека се покажало дека мажите кои имаат ќерки живеат подолго. Поточно, израчунале дека татковците на само една ќерка во просек живеат дури 74 недели подолго во однос на татковците кои имаат синови.


За жал, резултатите се сосема поинакви кога мајките се во прашање. Според студијата објавена во магазинот „American Journal of Human Biology“, и ќерките и синовите на мајките им го скратуваат животниот век, наведува „Bright Side“.

Но, не се согласуваат сите научници со резултатите на ова истражување. Така студијата која траела 14 години, објавена во магазинот „BMJ Journals“, тврди дека раѓањето деца, без оглед на полот, го продолжува животниот век на двајцата родители. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk