Доколку уште не сте го искористиле есенскиот одмор, ова се идеалните места да уживате во боите на есента.
Овој средновековен град е еден од најубавите есенски европски градови. Виновата лоза во разни нијанси на црвена и златно боја се прелева преку историските зданија. Одржувајќи се во водата, боите создаваат романтични сцени и совршени глетки за фотографирање. Белгија е позната по своето чоколадо, па на студен есенски ден можете да се загреете со топло чоколадо.
Осло е преполн со сликовити паркови, кои, иако се прекрасни во текот на целата година, дури во есен заблескуваат во сиот сјај. Ова време е вистинско за истражување на Осло, а локациите кои не смеете да ги пропуштите се тврдината Акерсус и паркот на скулптурите Вигеланд, како и шумата Осломарк.
Англискиот округ на езерата е преполн со неверојатни сцени, кои посебно стануваат спектакуларни кога се обиени во "намуртените" бои на есента. Тука можете да ги истражите околните езера и околните шуми, како Гриздејл, каде растат зелени борови и бакарни буки.
На западниот дел на Бохињското езеро сместено е селото Уканц во Словенија. Уканц е одлична појдовна точка за истражување на околната природа, како врвот на планината Вогал од каде има еден од најубавите погледи во Европа, посебно во есен. Во близина на Уканц е и водопадот Славица, а можете да организирате и планинарење до Долината на триглавските езера.
Ако не сакате да се судрите со други туристи, најдобро време да ги посетите ирските планини е есента. Ако сте расположени за планинарење, тоа е навистина идеално место преполно со водопади. Можете да ги истражите и историските места како Глендалог, а одмор по активностите побарајте во најблискиот паб со славни ирски пива.
Бројни градови, дворци, прекрасна природа...Баварија е место каде и тоа како има што да се прави. Ако сте расположени за активен одмор, можете да се качувате по Алпите, ако сте повеќе за историски истражувања, 25-те дворци и палати чекаат да ги откриете.
Трансилванија најмногу ги привлекува љубителите на мистеријата и грофот Дракула. Но, Трансилванија има и прекрасна природа и многу средновековни дворци кои може да се истражат. Тргнете на возење низ планината Фарагаш, највисока во јужните Карпати, со повеќе од 200 врвови кои пружаат погледи кои ќе ви го одземат здивот.