Пред 10 години изгледала вака, а сега многумина се шокирани од драстичната промена на популарната актерка - денес е божица на убавината

Точка

20/11/2019

14:05

3.909

Големина на фонт

а а а

Доколку ги споредите новите фотографии на актерката Мишел Киган со оние старите од 2009-та година ќе помислите дека не станува збор за истата личност... Но, тоа е таа.

Не само што напорно работела на својот моден стил за да го донесе до перфекција туку ја променила и фризурата и начинот на шминкање, а очигледно е и дека оваа убавица имала повеќе естетски корекции.

Токму поради тоа неодамна добила многубројни критики на Инстаграм кога фановите под последната фотографија на која позира со своето куче напишале дека изгледа “како целосно различна личност“.

„Непрепознатлива си“, „Не ни знаев дека ова си ти“, „Изгледаш како друга личност“ - се само некои од коментарите.

Публиката е речиси сигурна дека атрактивната бринета има ботокс како и филери на устата и силикони на градите, а таа ваквите констатации не ги потврдила, но не ги ни демантирала. Во текот на кариерата неколку пaти спомнала по нешто за пластичните операции, а најдиректно проговорела за тоа во 2015-та година.


„Тоа не ме вoзнемирува. Луѓето секогаш ме прашуваат: „Дали си тоа ти?“. Но, тоа е моја работа. Ова е мое лице. Не читам кога луѓето шпекулираат за тоа“ - изјавила Мишел.


„Кога растете пред очите на јавноста тешко е да се претворите од жена во девојка пред сите. Јас сум нормална девојkа од нормална средина, но се случи да станам јавна личност. Мојата работа е да бидам на ТВ и тоа е тоа“ - заклучила таа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг