Сега знаеме зошто изгледа толку добро: Утринскиот тренинг на Синди Крафорд е нејзината тајна

Точка

20/11/2019

13:54

2.284

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Синди Крафорд витката фигура ја одржува уште од раните 90-ти и затоа сега без срам објавува фотографии од совршено затегнатото тело и свежото лице, на кои годините не им можат ништо.

Иако признала дека и било тешко да прифати дека наполнила 50 години, на нејзините фанови тоа не им е важно затоа што Синди и натаму е извор на инспирација и мотивација. 

Сега таа објавила видео од утрински тренинг, а глетката е како од соништата.

На почетокот на видеото може да се види океан, плажа и палми и скали кои на оваа убавица и служат за тренинг. После тоа, Синди трчајќи по скалите влегува во кадарот со насмевка на лицето.

View this post on Instagram

?? @sarahperla1

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

"Импресионирана сум! Трчаш по скали?", гласи еден од коментарите.

"Затоа и изгледаш толку младо", напишал друг фан.

"Апсолутно совршено место за вежбање. Во одлична форма си", биле само некои од коментарите.

Веќе е познато дека Синди станува рано и дека живее живот со полни гради, па не е ни чудо што изгледа како што изгледа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг