Снимка која ја обиколи планетата: Репрезентативците на Холандија им испратиле силна порака на расистите

Точка

20/11/2019

13:41

4.473

Големина на фонт

а а а

Неодамна на натпреварот на холандската втора лига помеѓу Ден Бош и Екселсиор беше забележан расистички инцидент, што ја шокираше јавноста во таа земја, а репрезентативците на Холандија одлучиле да влезат во борба против расизмот.

Вајналдум во понеделникот на официјална конференција на Холандија, заедно со селекторот Роналд Куман ветил дека тој и соиграчите, ако треба и ќе го напуштат стадионот кога од трибините ќе чујат расистички навреди. 

И токму Вајналдум постигна гол против Естонија во шестата минута за 1:0, а потоа и направи потег за кој сега зборува целата планета.

Заедно со Де Јонг, тој застанал пред камерите, двајцата ги испружиле своите раце и порачале дека бојата на кожата воопшто не е важна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг