Кармело Ентони со неславно деби на кое воопшто не импресионираше, Леброн и Дејвис продолжуваат да газат

Дерби

20/11/2019

12:50

1.933

Големина на фонт

а а а

Кармело Ентони веднаш го имаше деби настапот во дресот на Портланд Трејлблејзерс откако го започна натпреварот против Њу Орлеанс од првата минута.

Неговиот тим забележа пораз од 115:104, а Кармело воопшто не импресионираше во својот прв настап по една година пауза.

Десеткратниот учесник на Ол-Стар натпреварите за 24 минути запиша десет поени, но она што е полошо е фактот што промаши дури 10 од своите 14 удари, згора на тоа имаше и пет изгубени топки и пет фаули.

Џру Холидеј беше најпрецизен во таборот на Њу Орлеанс Пеликанс со 22 поени и десет асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс предводен од Ентони Дејвис и Леброн Џејмс продолжи да гази, па запиша нова победа, овој пат против Оклахома со 112:107. Дејвис натпреварот го заврши со 34 поени, додека Леброн повторно запиша трипл-дабл учинок со 25 поени 11 скокови и 10 асистенции.

Резултати:

Голден Стејт- Мемфис 114:95

Сакраменто- Феникс 120:116



Спонзорирани линкови

Маркетинг