Многумина останаа изненадени кога Маурисио Покетино вчера доби неочекуван отказ од редовите на Тотенхем, но се чини дека сето тоа било добро испланирано затоа што неполни десет часа по таа информација беше објавено дека Жозе Мурињо ќе седне на клупта на „петлите“.
Ова ќе е трет клуб кој португалскиот стратег ќе го води во Англија, а медиумите на Островот веќе „ископаа“ една стара изјава, од 2015 година кога Мурињо вели дека никогаш не би седнал на клупата на Тотенхем.
– Никогаш не би можел да го водам Тотенхем затоа што сум премногу емотивно врзан за Челси и за неговите навивачи, - изјави во 2015 година Мурињо.
Од тогаш до денес се сменија работите, па Мурињо го залади својот однос со навивачите на „Стемфорд Бриџ“ посебно по пречекот кој го имаше на овој стадион со Манчестер Јунајтед минатата сезона. Можеби заладениот однос бил причината Мурињо да ја прифати понудата на Даниел Леви.