Капитенот Пандев е убеден: Оваа генерација може на ЕП, ќе ја израдуваме македонската јавност

Дерби

20/11/2019

12:43

913

Големина на фонт

а а а

Македонија ги заврши квафиликаиците за Европското првенство на третото место во групата Г што за нас е најдобар резултат во историјата кога е во прашање еден циклус за пласман на големо натпреварување.

Тоа секако е значаен напредок, меѓутоа нашиот национален тим цели кон место на шампионатот кој се игра наредната сезона, а за тоа ќе има уште една шанса преку баражот во Лигата на нации, шанса која капитенот Горан Пандев верува дека можеме да ја искористиме.

- Го заслуживме ова трето место, да ни го понудеше некој пред почетокот, веднаш ќе прифатевме. Сакавме на ЕП преку квалификациите, но загубивме од Полска и Австрија и тоа е разликата. Оваа генерација може да се избори за ЕП, се надеваме ќе ја израдуваме македонската јавност. Имаме долго време до натпреварот со Косово на кој мислам дека имаме големи шанси, само да не служи здравјето и да сме комплетни. Публиката ќе биде нашиот 12. играч, - порача Пандев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг