Драматично предупредување, Амазонија исчезнува: На светот му се заканува опасно сценарио, а реакцијата на Бразил е фрустрирачка

Точка

20/11/2019

15:30

2.283

Големина на фонт

а а а

Брзината со која исчезнуваат големите шумски површини во Амазонија е највисока во последните 11 години, пренесува „СиЕнЕн“ повикувајќи се на податоците кои во понеделникот ги објави бразилската влада.

Податоците за уништувањето на шумите во деветте бразилски држави кои се наоѓаат на подрачјето на Амазонија се добиени благодарение на сателитските снимки. За само 12 месеци, односно од август 2018-та до јули 2019-та година загубени се 9,762 квадратни километри амазонска прашума. Во однос на претходните 12 месеци, тоа е зголемување од дури 29,5%, што е највисока стапка од 2008-ма година.

Уништувањето на амазонската прашума се интензивираше откако на власт во Бразил пристигна претседателот Жаир Болсонаро, кој откако беше назначен на функцијата во 2018-та година, до денес практично ја уништи Амазонија со претераната сеча. Шумските пожари кои минатото лето опустошија огромни подрачја само ја влошија целата ситуација.

Болсонаро се најде на жесток удар на критики затоа што не направи доволно за да ги заштити „белите дробови на светот“. Кога во Амазонија беснееше огнената стихија, Болсонаро одби помош во висина од 20 милиони долари кои му беа понудени после состанокот на „Г7“.

„Рапидната стапка на дефорестација со која Амазонија моментално се соочува е директен резултат на стратегијата која ја воведе Болсонаро“, велат бразилските здруженија против климатските промени.


Според невладините организации, тоа што Болсонаро им овозможи на фармерите да сечат шума и да ги зголемат своите обработливи површини на сметка на Амазонија драстично придонесе за уништувањето на прашумата.

Денес ќе се состанат и членовите на бразилската вселенска агенција и ќе дебатираат за стратегиите за спас на амазонската прашума. Бројот на пожари кои ги снимија бразилските сателити е на највисоко ниво во последните 11 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг