Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

Макфакс

20/11/2019

12:04

2.456

Големина на фонт

а а а

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското вето го уништило психолошки.

„Тоа ме уништи лично, психолошки“, рече Заев за „Њујорк тајмс“.

Првиот човек на Владата додаде дека светлината на Европа е нашата водилка низ годините, па сега кога светлата згаснаа ние сме во темнина и не се знае каде може да тргнеме.

Во интервјуто, Заев ја коментира одлуката за организирањето на предвремените избори, нагласувајќи дека без избори можно е да расте национализмот.

„Национализмот и радикализмот може да пораснат повторно. Постои ризик за отворање конфликти во самите држави, но и помеѓу земјите на Балканот“, предупреди премиерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг