На снимката се гледа моментот кога тексашката полиција ја пробива вратата од хотелската соба и го спасува киднапираното 8-годишно девојче кое е сокриено во корпата за алишта.
Безбедносните камери и камера поставена на униформата на еден од полицајците ја откриваат акцијата на американската полиција. На видеата може да се види како тие пристигнуваат пред хотелската соба, а потоа ја разбиваат вратата и го апсат киднаперот.
Американската полиција потоа го пронајде девојчето во корпата за алишта и го реши случајот, односно киднапирањето кое се случило пред неколку месеци.
Имено, 8-годишното девојче било киднапирано од улица на 18-ти мај додека шетало со својата мајка. Киднаперот потоа го одвел девојчето со себе, а постои сомнение и дека сексуално го злоставувал.
Откако се појавија првите снимки и фотографии на автомобилот на киднаперот, американската полиција ја интензивираше потрагата и сето тоа кулминираше со упадот во хотелската соба и апсење на киднаперот во текот на септември.
See the moment police rescue kidnapped 8-year-old girlhttps://t.co/ODjO2BbWRr
— 🚶🏻♀️ (@ashcraft1_ronda) November 19, 2019
Станува збора за 51-годишниот Мајкл Веб кој го признал злосторството и веднаш доби доживотна затворска казна.