Вучиќ бара да се испита дали Руси врбувале српски агенти

Макфакс

20/11/2019

11:29

756

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од Воено-безбедносната агенција (ВБА) да испита можна шпионска афера во која руски шпиони регрутирале српски агенти, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, а пренесува агенцијата „Танјуг“.

„Зборував со претседателот Александар Вучиќ. Тој даде наредба на ВБА да го испита случајот. Ние ги немаме сите податоци. Доколку се покаже дека е вистина, тогаш тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за нас“, изјави српската премиерка за „Блиц“.

Таа додаде дека Вучиќ закажал состанок во својство на врховен командант на српските вооружени сили, на кој ќе ги извести за резултатите од истрагата.

„Блиц“ објави дека рускиот дипломат и воен разузнавач Георги Клебан бил на видеото во кое се гледа како му дава пари на наводно висок по ранг српски функционер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг