Поранешната сопруга на принцот Ендру, Сара Фергусон, е еден од главните виновници за неговото катастрофално телевизиско интервју.
Потсетуваме, Ендру бил напаѓан од новинарката на BBC поради неговите врски со педофилот Џефри Епстајн во текот на интервјуто во Бакингемската палата. И самиот е обвинет дека сексуално злоставувал малолетници.
Јавноста го дочекала на нож гостувањето на принцот поради неговите изговори и објаснувања и видниот недостиг на каење и жалење за жртвите на Епстајн, а сега е откриено дека неговата поранешна сопруга, позната како Ферги, го охрабрила и убедила принцот на храбриот чекор пред камерите.
"Таа чувствуваше дека Ендру треба да излезе од скандалот и дека треба да ја претстави својата вистина пред јавноста", рекол извор на Daily Mail.
Инсајдерите велат дека Ферги му била голема поддршка во текот на минатите неколку месеци и дека таа меѓу првите ја добила таа идеја.
"Ендру многу се потпира на Сара. Всушност, таа е најголемиот шампион за принцот и тој многу ги цени нејзиното мислење и искуство. Кога се појави можност за интервју, Сара чувствуваше дека тоа е најдобар начин да се расчисти неговото име и во јавноста да се претстави вистинскиот Ендру", рекол изворот од кралските кругови.
Интервјуто, како што истакнува, му дало шанса на принцот да го изнесе својот став за негативните медиумски пишувања наместо да ги остави без одговор, како и да ја претстави својата верзија од настанот.
"Со оглед на тоа колку овој скандал бил штетен последните шест месеци, Сара чувствуваше дека Ендру треба да излезе од тоа за да му даде на својот имиџ подобра шанса за закрепнување. Таа го поддржува до крај и иако е необично принцот да излезе на телевизија, Сара сметаше дека ова се тешки времиња и необични околности", навел изворот.
Советникот на војводата од Јорк рекол дека не е точно дека Ферги влијаела на Ендру.
"Војвотката беше надвор од земјата минатите две недели, во Хонгконг, Кина, Саудиска Арабија и Венеција и немаше никакви врски со оваа програма", истакнал Џејмс Хендерсон.
Меѓутоа, изворот на Daily Mail вели дека Ферги е фрустрирана бидејќи професионалниот и приватен живот на Ендру се провлекува низ калта во текот на скандалот. Војвотката исто така ја споредила неговата драма со својата, кога во 2010-та година била фатена во скандалот "Кеш за пристап". Поранешната сопруга на Ендру била принудена да се извини за "сериозниот пропуст во резонирањето", откако им ветила на британските новинари пристап до Ендру во замена за 500.000 фунти.
EXCLUSIVE: Blame it on Fergie! Prince Andrew's ex-wife Sarah Ferguson was the 'driving force' behind his 'car crash' TV interview, 'convincing the royal to get ahead of Jeffrey Epstein scandal and tell his truth'
— MSM is Pravda (@RitchieJodi) November 20, 2019
via https://t.co/ukePCFr1gS https://t.co/f0kFF2JuV3
Посрамената Ферги, мајка на две деца, одбила да се повлече, па дури и учествувала во реалното шоу "Трагање по Сара" на телевизија OWN, каде зборувала за своето тешко детство и проблематичниот живот во кралското семејство.
Исто така тврдела дека не направила ништо лошо.
По ова реално шоу Сара стекнала големи симпатии кај јавноста и ја поправила својата репутација.
"Сара на сопствена кожа искуси ваков скандал пред една деценија. Таа откри дека презентирањето на својата приказна пред јавноста и помогна да го надмине скандалот. Таа има длабоко разбирање за ова низ што минува сега Ендру", наведува изворот.