Жозе Мурињо е новиот тренер на Тотенхем

Макфакс

20/11/2019

10:20

1.584

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо и официјално е новиот менаџер на фудбалерите на Тотенхем, потврдија утрово од лондонскиот клуб. Договорот помеѓу двете страни е потпишан до крајот на сезоната 2022/2023.

Португалскиот тренер го наследи Маурисио Покетино, кој вчера по пет и пол години го напушти клубот од северен Лондон.

„Возбуден сум што му се приклучив на клуб со толку голема традиција и со толку верни навивачи. Ме возбудува квалитетот на тимот и академијата. Ме привлече тоа што ќе можам да работам со тие играчи“, изјавил Мурињо.

Мурињо речиси една година беше без работа. Лани на 18 декември тој доби отказ во Манчестер јунајтед. Тотенхем ќе му биде третиот клуб во Англија. Во два мандати го предводел Челси. Со „сините“ има освоено три титули во Премиер лигата (2005, 2006, 2015).

Тотенхем лошо игра оваа сезона, во првенството со само 14 поени се наоѓа на 12. место на табелата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг