Хаос во Боливија, се водат борби за цистерни со гориво: Има и загинати...

Точка

20/11/2019

09:24

1.881

Големина на фонт

а а а

Најмалку едно лице загина, а осум се повредени за време на акцијата на безбедносните сили во градот Алто.

Акцијата била организирана со цел да се обезбеди снабдување со гориво од постројките кои ги блокирале поддржувачите на поранешниот претседател Ево Моралес.

Откако бил испратен конвој со гориво во Ла Паз, демонстрантите се обиделе да ја преземат контролата над една фабрика, по што дошло до судир со боливиските вооружени сили. Демонстрантите со динамит го кренале во воздух еден од ѕидовите на “JPFB”, па полицајците лои се наоѓале внатре отвориле оган.

Облак чад се подигна од местото каде што демонстрантите запалија оган, додека истовремено воен хеликоптер ја надлетуваше таа област. „Ројтерс“ пренесува дека безбедносните сили користеле хеликоптери и оклопни возила со цел да го одблокираат пристапот до постројката.

Неколку боливиски градови останаа и без залихи на храна откако поддржувачите на Ево Моралес практично ги блокираа сите патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг