Милиони евра за реставрација на базиликата „Свети Марко“ по поплавата

Точка

19/11/2019

21:45

689

Големина на фонт

а а а

За базиликата „Свети Марко“ во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација кога неделава беше поплавена шести пат во 1.200 години, изјави нејзиниот кустос.

„Свети Марко“ е најпознатиот објект во мноштвото споменици што беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872-ра година досега. Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта, кои кога се повлекуваат поплавите, може да ги разјадат мермерниот под и мозаиците и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата.

Венеција претрпе штета од стотици милиони евра во поплавите што го погодија градот изминативе денови.

Осигурителните компании соопштија дека нема да даваат отштета затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг