Фотографијата за плочата на Бјело Дугме ја “разгорела“ поранешна Југославија: Момчето на девојката од насловната фотографија ѝ направило ужасна работа

Точка

19/11/2019

20:20

6.628

Големина на фонт

а а а

Пред 45 години на 18-ти ноември групата Бјело Дугме го објавила својот прв студиски албум со име “Kad bih bio bijelo dugme“. Несекојдневна фотографија на плочата во времето на поранешна Југославија предизвикала големо внимание во јавноста.

Сараевскиот фотограф Драган С. Стефановиќ бил еден од првите дизајнери на фотографии за плочи на просторот на поранешна Југославија. Првата таква фотографија била за првиот албум на една од најголемите рок групи во поранешна Југославија.

Стефановиќ бил пријател од детството на Горан Бреговиќ.


На почетокот на 70-те години го ангажирале и групите “Амбасадори“ и “Индекси“, а подоцна станал познат по популарната фотографија од женските гради.

Легендата вели дека старите Белграѓани масовно влегувале во белградските книжарници каде што плочата се продавала, со зборовите: „А каква ви е оваа култура на излогот?“, додека пак Стефановиќ во повеќе интервјуа ја прераскажувал анегдотата во која момчето на девојтака од фотографијата го “бркал“ низ Радио Сараево само за да го праша дали ја познава неговата девојка и дали е вистина дека таа е на фотографијата. Бидејќи Стефановиќ му кажал дека тоа е таа, момчето ѝ удрило шлаканица и му се заблагодарил на фотографот.

Стефановиќ бил доследен на еротизација на албумите правејќи ги во манир на поп арт или пак со сликарски детали. Голем успех постигнал и со втората фотографија за плочата на Бјело Дугме на албумот “Šta bi dao na mom mjestu“ на која имало женски задник.

Се зборувало дека бендовите прво му ги пуштале демо снимките на Стефановиќ за да добие инспирација бидејќи бил познат по долгата и самостојна работа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг