ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за Јанева ќе беше смешна

Макфакс

19/11/2019

19:13

1.349

Големина на фонт

а а а

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелациониот суд, ексшефицата на СЈО од затворски да биде преместена во куќен притвор.

„Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска-судството и Русковска-обвинителството од начинот на кој ја водат истрагата за случајот ‘Рекет’. Од почетокот негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека сè било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор, Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. По тоа, следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесирана откако и таа претходно ги изгуби двата телефона“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е, додаваат од партијата, дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“, само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот – Зоран Заев.

„Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени кога криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг